Гравина: Не сакам да бидам гробар на италијанскиот фудбал

twitter/Il Napoli Online

Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, е одлучен во намерата сезоната во Серија А да се одигра до крај.

Желбата на повеќето екипи е сезоната да стартува веднаш откако италијанската влада ќе го укине карантинот на 4. мај, но има и екипи кои се големи противници на доигрување на сезоната.

Според заговорниците за доигрување на првенството кои ги предводи Лацио, екипите би започнале со тренинзи уште на 4. мај, а сезоната би продолжила кон крајот на идниот месец и би се играле натпревари до крајот на јуни.

Постојат две струи. Првата е која смета дека спортот треба да запре, а втората на која и припаѓам и јас, верува дека натпреварувањата може да продолжат. Не сакам да бидам гробар на италијанскиот фудбал, имам обврска да го бранам фудбалот – изјави Габриеле Гравина, претседателот на фудбалската федерација на Италија.

Иако е голем заговорник за продолжување на сезоната, Грива истакна дека тој нема да го има конечниот збор, туку тоа ќе биде Владата.

Можете да замислите низ каква драма поминувам, постои процедура која мора да се испочитува. На министрите за спорт и за здравство им испративме протоколи и сега го чекаме нивниот одговор. Убеден сум дека Серија А ќе продолжи сезонава – додава Гравина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот