Гравина ја укина суспензијата, Лукаку ќе игра на реваншот против Јувентус

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Ромелу Лукаку ќе може да игра против Јувентус во реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија.

Одлуката за суспензија на напаѓачот на Интер ја укина претседателот на Фудбалската федерација на на Италија, Габриеле Гравина.

Во соопштението федерацијата наведува дека однесувањето на Белгиецот е мотивирано од расистичкиот однос на навивачите на клубот од Торино. Суспензијата на напаѓачот беше наречена „мерка за борба против сите форми на расизам“.

Лукаку погоди од пенал во 95 минута во првиот натпревар и го прослави голот затворајќи ги очите и затворајќи ги ушите со прстите во знак на протест.

Судијата ги оцени тие постапки како провокативни и на Белгиецот му покажа втор жолт картон. Така Лукаку ризикуваше да го пропушти вториот полуфинален меч против Јувентус. Реваншот меѓу Интер и Јувентус ќе се игра на 26 април, а првиот меч заврши 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот