Граѓанска иницијатива бара бесплатна вакцина против ковид-19

Петиција која ја иницираа десетина граѓани во Европа со која бараат вакцината за ковид-19 да биде бесплатна и достапна за сите доби поддршка од неколку десетици здруженија, невладини организации, синдикати и партии во Франција.

Организаторите се надеваат дека ќе соберат повеќе од милион потписи за да се отвори дебата по предлогот на Европската комисија.

„Мултинационалните фармацевтски компании не смеат да остваруваат профит од оваа пандемија“, рекоа потписниците на иницијативата. Тие ја потсетија јавноста дека во 90-тите години светските лаборатории наметнаа прекумерно високи цени за третман на ХИВ.

„Оваа вакцина е општо добро на човештвото. Во голема мерка се финансира со народни пари … Затоа мора да им биде достапна на граѓаните“, се вели во соопштението на коалицијата во кое се нагласува дека тие сакаат „да гарантираат пристап до сите дијагностички методи и третмани“.

Со петицијата се повикува Комисијата да даде законски предлог за да се осигури дека правата на интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и патентите, не ја ограничуваат достапноста на идните вакцини и третмани, а европското законодавство „не ја ограничува ефективноста на задолжителните лиценци“ издадени од земјите-членки.

Тие исто така повикуваат на воведување на „законски обврски за фармацевтски лаборатории кои користат фондови на ЕУ за споделување на своето знаење, интелектуална сопственост и сродни податоци“; но и да биде транспарентен кога станува збор за „придонесот на јавноста за истражување, трошоците за производство и одредбите за достапност“.

Со цел да се отвори дебата за петицијата во Брисел, треба да се соберат еден милион потписи до 30 ноември 2021 година, во најмалку седум земји-членки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот