Градот ќе ги тргне оградите од училиштата за да можат сите да ги посетуваат

Крајната идеја е сите средни училишта, а може и основни да станат мини паркови, но во некои подобри времиња кога вандализмот ќе се намали. Тогаш ќе ги тргнеме и оградите на училиштата, а дворовите ќе ги направиме јавен простор, рече Шилегов.

Дворот на средното училиште на Град Скопје, Никола Карев, е едно од трите средни градски училишта чии дворови се озеленети со средства од Програмата на Владата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година. Ова училиште денеска го посетија градоначалникот Петре Шилегов и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Шилегов најави наскоро отстранување на оградите на средните училишта, за да можат во зеленилото да уживаат сите граѓани.

Тука сме поради проектот кој што се реализираше во програмата за 2019 година против аерозагадувањето. Градот аплицираше во таа програма и добивме средства во висина од 2,8 милиони денари, со кои ги уредуваме училишните дворови на три средни училишта. Најголемиот двор е во Никола Карев со површина од вкупно 7.000 метри квадратни, во Корчагин двор со површина од околу  1.500 квадратни метри и во Димитар Влахов површина од околу 1.000 квадратни метри каде што целосно е обновено зеленилото и е поставен систем за наводнување. Крајната идеја е сите средни училишта, а може и основни да станат мини паркови, но во некои подобри времиња кога вандализмот ќе се намали. Тогаш ќе ги тргнеме и оградите на училиштата, а дворовите ќе ги направиме јавен простор, рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот