Градоначалникот на Лозово се договорил со соседот на Атиџе да ја смират ситуацијата (ФОТО)

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски на својот Фејсбук профил напиша дека разговарал со соседот на Атиџе, Хусеин и дека се договориле дека заеднички ќе ја смират ситуацијата.

„По добиените информации од страна на медиумите за помошта која ја побара Атиџе нашата хероина од Медена земја , а која живее во с.Бекирлија општина Лозово која пријави проблем за нарушени меѓучовечки односи со комшијата Хусеин и дека животот и бил загрозен , веднаш ја побарав на телефон но не беше достапна.Добив информација дека е во село Бекирлија.

По добиените информации од страна на медиумите за помошта која ја побара Атиџе нашата хероина од Медена земја , а која…

Publiée par Aco Velkovski sur Vendredi 11 septembre 2020

За да помогнам како Градоначалник, денес лично разговарав со нејзиниот комшија Хусеин со кој имаат нарушени меѓучовечки односи , кој моментално беше во село Дорфулија со кој разговарав да се надмине нивниот проблем кога се заедно во село Бекирлија.

Во разговор со Хусеин најдовме заедничко разбирање си подадовме рака дека заедно ќе ја смириме целата ситуација и за време на викендов заедно ќе одиме кај Атиџе во с.Бекирлија да се помират меѓу себе и да испиеме заедно пријателско кафе и да живеат како добри комшии.
Во моментов на нашата хероина Атиџе не и е загрозен животот од страна на Хусеин , ќе се стабилизира ситуацијата и ќе се надмине проблемот со нарушените човечки односи.

Исто така добив информација дека кај Хусеин веќе биле службени лица од Полицијата со кој обавиле разговор и се упатиле спрема село Бекирлија кај што моментално престојува Атиџе.“, напиша Велковски.

Полицијата од Свети Николе постапува по поплаките на Атиџе Муратова

Атиџе Муратова, ѕвездата од филмот „Медена земја“ вчера преку медиумите побара помош во справување со нејзиниот сосед со кого постојано имала конфликти.

Атиџе од „Медена земја“ низ солзи: Помогнете ми луѓе, се плашам за сопствениот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот