Полицијата од Свети Николе постапува по поплаките на Атиџе Муратова

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Полициски службеници од Свети Николе во моментов постапуваат по телефонската дојава од 56-годишната Атиџе Муратова, главната хероина на документарниот филм „Медена Земја”, која реагирала дека соседот ја вознемирува и се заканува.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека откако полициските службеници ќе ја утврдат фактичката состојба меѓу 56-годишната Атиџе Муратова и нејзиниот сосед јавноста ќе биде информирана. Инаку Панајотова вели дека во Полициската станица во Свети Николе е евидентирана поплака од 56-годишната Муратова и на 7 јуни.

На 7 јуни во Полициската станица во Свети Николе во 10.20 часот од страна на 56-годишната А. М од селото Бекирлија Општина Лозово, било пријавено дека од страна на 50-годишниот Х. С била вознимирувана, од страна на полициски службеници веднаш е постапено и во 11.30 часот во селото Дорфуилија, Општина Лозово Х. С бил писмено предупреден според прописите, вели Панајотова. 

Атиџе од „Медена земја“ низ солзи: Помогнете ми луѓе, се плашам за сопствениот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот