Граџан: Верувам дека во Магдебург ќе го покажеме вистинското лице

фото: РК Еурофарм Пелистер

Во вторник екипата на Еурофарм Пелистер со почеток од 18.45 часот ќе го игра реванш натпреварот од осминафиналето во ЕХФ Европската лига против Магдебург.

Германците се на чекор од следната фаза откако во првиот меч одигран во Битола славеа со резултат 24:32.

Во составот за возвратната пресметка со бундеслигашот повикани се Ојлески, Радовиќ, Кукоски, Хендави, Чаневски, Костески, Мараш, Н. Маркоски, Мандалиниќ, Периќ, Велковски, Граџан, Кукуловски, Бој. Маџовски, Танкоски, Ѓукиќ.

Тимот за овој дуел нема да биде предводен од тренерот Жељко Бабиќ кој е позитивен на ПЦР тестот. Наместо него екипата во Магдебург ќе ја помошниците Божидар Мојсов и Ице Соколески.

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ:

– Очигледно е дека падот на формата дојде во најлошо можно време. Треба да се собереме и да одиграме најдобро што можеме против Магдебург во Германија. Мораме тој натпревар да го искористиме за да извлечеме поуки и да смениме што не функционираше во нашата игра и да се вратиме на прав пат, бидејќи ни следат уште многу важни натпревари во краток период.

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Елмир Граџан:

– Магдебург е екипа за која не треба да се трошат зборови. Покажаа дека се една многу квалитетна екипа. И ние сезонава покажавме дека можеме секому да парираме. На последните два натпревари малку паднавме, но верувам дека во Магдебург ќе го покажеме вистинското лице. Без разлика на заостанувањето од Битола, нема да се предадеме. Се подготвуваме и сигурно ќе бидеме незгоден противник за нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот