Град Скопје: Не е точно дека ќе се гради гасна централа на Вардариште, најпрво ќе се почекаат резултатите од испитувањата
По информацијата на граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ дека на вчерашниот состанок во Град Скопје им било кажано дека одлуката за втората фаза во процесот на одгасување на депонијата ќе зависи од резултатите – доколку има доволно гас, ќе се постави соодветна централа за негово искористување, од Градот тврдат дека таа информација не е точна.
Препорачано
Но, како што додаваат најпрво ќе се почекаат резултатите од испитувањата.
Како Град Скопје, сакаме да ве информираме дека информацијата за изградба на гасна централа не е точна, туку дека најпрво ќе се почекаат резултатите, по што ќе се постапува согласно нив – велат од Градот.
Ќе се одгасува Вардариште или на депонијата ќе се гради гасна централа?
Од Градот посочуваат дека во врска со депонијата „Вардариште“ во неколку наврати нагласиле дека се постапува според физибилити студија.
Се постапува согласно утврдената динамика, а се вклучени и дежурни служби од инспекциите на Град Скопје со цел превенција и заштита од други несакани појави, како, на пример, евентуално одлагање на отпад или други нелегални дејствија. Од првите две позиции, материјалите се веќе испратени на лабораториско испитување во акредитирана лабораторија. По добивањето на резултатите за кои навремено ќе бидете информирани, ќе се продолжи со процесот на одгасување, како и со соодветен третман на депонијата „Вардариште“ – објаснуваат од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека по повеќе од 50 години, темата „Вардариште“ конечно добива системски и соодветен пристап. Започнат е процес, како што велат, кој долгорочно предвидува трансформација на просторот, вклучително и изградба на мега парк – идни „бели дробови“ на Град Скопје.


