Готово, Милан има нов тренер!? (ФОТО)
Стана јасно дека Марко Џампаоло ги брои последните денови на клупата на „росонерите“, па започнаа шпекулациите за негов наследник. Италијанските медиуми пренесуваат дека е постигнат договор.
Најголемата желба на управата од „Сан Сиро“ е поранешниот трнер на Рома, Зенит и Интер, Лучано Спалети.
BREAKING NEWS: #Spalletti has accepted the proposal of AC Milan. Only the green light from Inter is missing. @SempreMilanCom
— Vito Angelè (@VitoAngele) October 7, 2019
Како што пренесува италијанскиот новинар Вито Анџеле, искусен стручњак ја прифати понудата на „росонерите“!
Спалети остана без работа после завршувањето на минатѕата сезона, иако со Интер втора година по ред успеа да избори пласман во Лигата на шампионите.
Мораше да се раздели со „неро-аѕурите“, односно управата го ангажираше Антонио Конте. Но, затоа би требало да седне на клупата на градскиот ривал, остана уште само Интер, кој сеуште го плаќа Спалети, да даде „зелено светло“.