Готова е вакцината на „Модерна“ и „Фајзер“ против новиот сој на коронавирус

Вакцина „Модерна“ / Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Компаниите „Модерна“ и „Фајзер“ денеска најавија дека се спремни новите ажурирани вакцини против ковид-19. На тестирањето покажале одлични резултати против високо мутираната подваријанта BA.2.86 на коронавирусот што ги зголеми стравувањата од повторно ширење инфекции, објави Ројтерс.

„Модерна“ рече дека нејзината вакцина генерирала 8,7 пати зголемување на неутрализирачките антитела против BA.2.86 во споредба со природните антитела во клиничките испитувања кај луѓето.

Варијантата моментално ја следат Светската здравствена организација и Центрите за контрола и превенција на болести на САД.

„Сметаме дека ова е вест што луѓето ќе сакаат да ја слушнат додека се подготвуваат да излезат и да се боцнат со есенските „бустер“ дози““, велат од „Модерна“.

„Фајзер“ рече дека нејзината ажурирана вакцина со партнерот „БиоНТек“ предизвикала силен одговор на антитела против BA.2.86 во претклиничка студија кај глувци.

Модерна“, „Фајзер“ и „Новавакс“ создадоа верзии на нивните вкацини насочени кон подваријантата XBB.1.5, доминантна варијанта во поголемиот дел од 2023 година.

Се очекува тие да бидат претставени оваа есен .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот