Архива: Граната / Фото: МИА

Гостиварец забележал нешто сомнително под карпа — четири кинески бомби

Четири експлозивни направи биле пронајдени покрај реката на потегот меѓу селата Трново и Железна Река во гостиварскиот регион, соопшти полицијата.

Настанот бил пријавен на 8 февруари 2026 година во 16:20 часот во ОВР Гостивар од страна на жителот на Гостивар, В.В., кој забележал сомнителни предмети под карпа, покрај самата река. По пријавата, на терен интервенирала стручна екипа од Министерството за внатрешни работи.

Екипата безбедно ги подигнала четирите рачни гранати од кинеско производство, кои ќе бидат предмет на понатамошно вештачење.

Минофрлачки гранати најдени во скопска кафеана, сопственичката се правдала дека ѝ се сувенири

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување како експлозивните направи се нашле на таа локација.

Полицијата апелира граѓаните доколку забележат сомнителни или опасни предмети да не ги допираат, туку веднаш да пријават во најблиската полициска станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот