Голманот Петар Ангелов – Диви е позитивен на ковид-19

Фото: rkprolet.mk

Како што информираат од ракометниот клуб Тинекс Пролет, нивниот играч Петар Ангелов е позитивен на ковид-19. Поранешниот македонски репрезентативец не беше во тренажен процес во последниот период поради болки во коленото.

Но, по појавата на првите симптоми „Диви“ беше тестиран, по што денеска доби позитивен резултат на ковид-19.

43-годишниот голман не беше во контакт со соиграчите во последните денови, воедно Тинекс Пролет ги презема сите неопходни чекори, а тренажниот процес на првата екипа е прекинат.

За следната седмица е закажано колективно тестирање на сите членови на оваа екипа и на стручниот штаб.

– Му посакуваме на нашиот чувар на мрежата што побрзо оздравување и враќање на терените – соопштуваат од РК Тинекс Пролет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот