Голманот на Порто е ставен во вештачка кома, наредните 24 часа се клучни за неговиот живот

epa08123274 Portugal's goalkeeper Alfredo Quintana Bravo in action during the EHF Handball Men European Championship match between Portugal and Bosnia-Herzegovina in Trondheim, Norway, 12 January 2020. EPA-EFE/Ole Martin Wold NORWAY OUT

Голманот на Порто, Алфредо Кинтана, кој доживеа срцев удар за време на тренингот на својата екипа се наоѓа во вештачка кома во болницата „Сао Жоао“ во Порто.

Кинтана за време на тренингот се срушил на паркетот, но за негова среќа интервенирал медицинскиот тим, по што веднаш е пренесен во болница каде како што пишува весникот „Ожого“, здравствената состојба на голманот се стабилизирала и моменто е ставен во вештачка (индуцирана) кома и наредните 24 часа ќе бидат клучни за неговиот живот.

Кинтана не покажувал никакви знаци на здравствени проблеми за време на тренингот, а еден ден претходно имаше 14 одбрани во победата на неговиот тим од 34:26 над Агуа Сантас.
Алфредо Кинтана е роден во Куба, но во Португалија живее од најрана возраст, а од 2010 година го брани голот на Порто каде клупски колега му е македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот