Вуко Борозан/ГРК Охрид

Големо засилување за Охрид: Пристигна Вуко Борозан

Ракометниот клуб Охрид го засили составот за продолжението од сезоната со ангажманот на искусниот црногорски бек Вуко Борозан. Амбициозниот клуб од градот на езерото го договори доаѓањето на еден од најпознатите бомбардери во регионот, кој есенскиот дел од сезоната го мина во редовите на Вардар.

Борозан по новогодишните празници ја раскина соработката со „црвено-црните“, а иако уште тогаш се најавуваше негов трансфер во Охрид, официјалната промоција се случи дури денеска. Со неговото доаѓање, Охрид дополнително ги засилува амбициите за исклучително напорниот втор дел од сезоната, во кој ќе атакува на најмалку еден трофеј.

Охриѓани ќе настапуваат во три натпреварувања, во првенството моментално се наоѓаат на третата позиција со пет бодови помалку од лидерот Вардар, во Купот ќе имаат реална шанса за освојување на трофеј, додека на европска сцена ги очекува двомеч со чешка Дукла Прага во осминафиналето од ЕХФ Европскиот куп.

За Борозан, Охрид ќе биде трет клуб во Македонија, по настапите за Металург и Вардар, а љубопитен детал е тоа што во новиот клуб ќе го носи бројот 1 – невообичаен избор за играч во поле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот