Големо засилување во Кавадарци: Екс-репрезентативецот, Даниел Мојсов се врати „дома“

Фото: fkbregalnica.mk

Tимот на Тиквеш е еден од најактивните во изминатиот период, а сега потврди уште едно големо засилување за наредната сезона.

Нов фудбалер на клубот од Кавадарци ќе биде поранешниот македонски репрезентативец со големо искуство Даниел Мојсов.

Мојсов се враќа онаму каде што започна, а во претходните три сезони го носеше дресот на Брегалница каде што прикажуваше одлични настапи. Последен пат 35-годишниот дефанзивец дресот на „неговиот“ Тиквеш го носеше во 2006 година.

Во меѓувреме во кариерата настапуваше за: Ѓорче Петров, Вардар, Војводина, Бран, Лиерсе, Адана Демирспор и АЕК Ларнака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот