Големо промашување на Mercedes – крај за X-Сlasѕ

И покрај позитивните критики при дебито, одличниот V6 погон и размислувањето за V8 верзија, планирањето на подолжена верзија, X-Сlasѕ ќе престане да се произведува.

Како што пренесуваат медиумите, причината е едноставна – слабата побарувачка. A Mercedes-Benz по кратка постапка гаси се што создава непотребни трошоци.

Па така една од „жртвите“ за намалување на трошоците стана и X-Сlasѕ, која е продадена во само 16.700 примероци во Европа, Австралија и Јужна Африка во текот на минатата година.

Тоа е далеку од очекувањата поради што не создава доволно приходи со цел да се оправда продолжувањето на производството.

Покрај тоа, на оваа одлука донекаде влијаело и несигурното опкружување, односно неизвесноста на продолжување на соработката на Daimler со Алијансата Renault-Nissan, која одигра важна улога во создавањето на X-Сlasѕ.

Првиот и веројатно еднинствениот камионет на Mercedes, во суштина беше минимално преправената Nissan Navara со популарното лого во форма на ѕвезда со три краја.

Произведувана во Барселона, X-Сlasѕ не успеа да ги оствари зацртаните цели пред се поради високата цена. Во германија ова возило чинеше околу 37.000 eвра, со V6 мотор речиси 49.000 евра.

Само за споредба, најпопуларниот „пик-ап“ во светот, познатиот Ford F-150 во серијата Platinum има слична цена. Покрај цента, проблем беа и фабричките дефекти поради кои Mercedes-Benz неколку пати ги отповикуваше возилата.

Еден од најшокантите проблеми се однесуваше за осветлувањето кај нозете (!) кое можеше да се олабави и да се заглави под педалата за сопирање!

Да, добро прочитавте – во возило кое чини повеќе од 40.000 eвра. Во Mercedes oд 40.000 eвра.

Па очигледно е дека Mercedes би требало да се насочи кон тоа што им носи успех, лускузни лимузини, SUV и спортски модели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот