Големиот хит на групата „Квин“, „We Are The Champions“ стана „You Are The Champions“ во чест на здравствените работници (ВИДЕО)

принтскрин

Членовите на групата „Квин“, Брајан Меј и Роџер Тејлор, и нивниот нов вокал Адам Ламберт, го преработија нивнио легендарен хит „We Are The Champions“ и го преименуваа во „You Are The Champions“ и оваа песна им ја посветија на здравствените работници ширум светот кои се во првите редови во борбата со коронавирусот.

Тие, секој од своите домови во Лондон, Корнвол и Лос Анџелес, се поврзаа преку инстаграм-врска, за да ја создадат новата верзија на нивната препознатлива химна.

Песната ќе биде објавена под посебно име, а собраните средства ќе бидат донирани во солидарниот фонд за ковид-19 на Светската здравствена организација.

Во продолжение погледнете го спотот од преработката на песната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот