Големи промени во Челси: Претседателот Бак си поднесе оставка, на излезни врати е и „челичната леди“

Марина Грановскаја/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Одлуката на Роман Абрамович да го продаде Челзи стави крај на најуспешната ера во историјата на Челзи, а со неговото заминување почнаа да си одат и неговите најблиски соработници.

Англискиот тим минатиот месец беше купен од конзорциумот предводен од американскиот милијардер Том Боли, а денеска оставка си поднесе долгогодишниот претседател на „сините“, Брус Бак.

– Горд сум што му помогнав на Челзи да постигне голем успех и да биде пример во заедницата. Сега е вистинското време да се повлечам и да им дозволае на новите сопственици да ја спроведат нивната визија за Челзи – изјави Бак.

Освен Бак, заминува и многу поважна личност, жената која Англичаните ја нарекоа „челичната леди“ , Марина Грановскаја.

Грановската му беше десна рака на Абрамович и беше задолжена за трансфер политиката на Челзи и важеше за најмоќната жена во светот на фудбалот.

Но, со заминувањето на Абрамович, нејзиното влијание и моќ во Челси почна да се намалува, а новиот сопственик Боли и ја презеде работата и преговара за трансферот на Ромелу Лукаку во Интер. Белгиецот треба да замине на едногодишна позајмица во Интер за 10 милиони евра иако Челси минатата година за него плати 115 милиони токму на италијанскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот