Голема полициска акција на Сицилија: Се трага по шефот на Коза Ностра

Шефот на Коза Ностра, Матео Месина Дестро/ Фото EPA/POLICE

Околу 150 припадници на италијанските специјални сили на Сицилија го бараат шефот на мафијата во бегство, Матео Месина Денаро.

Од раното утринава, на островот биле претресени десетици куќи кои припаѓале на блиски соработници на мафијашите. Месина Денаро се смета за врховен кум на Коза Ностра во Сицилија, една од најголемите мафијашки организации во Италија.  

Тој бил осуден во отсуство на доживотен затвор за убиствата на судиите и ловците на мафијаши Џовани Фалконе и Паоло Борселино, убиени во два бомбашки напади со неколку телохранители во 1992-ра година, како и други убиства, пренесува АНСА. 

Месина Денаро (56) е во бегство од 1993 година

„Шефовите на мафијата може да ги напуштат своите родни градови, но еден ден тие дефинитивно ќе се вратат“, изјави обвинителот за антимафија Федерико Кафиеро за Радио Раи 1. 

Неверојатна сличност: Уапсен Британец во Холандија, полицијата го помешала со шеф на мафија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот