ГОЛЕМА ЉУБОВ: Го спасила малото слонче од сигурна смрт, а сега се нераздвојни пријатели (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Слоницата Мојо е родена во 2016 година, а кратко по нејзиното раѓање тргнала на пат со останатите слонови. Преминувајќи една река во Зимбабве, малата слоница не се снашла и започнала да се дави. Спасена е од Рокси Денквертс, а сега двете се нераздвојни пријателки, пишува „Дневно.рс“.

Кога ја спасила Рокси, Мојо тежела само 56 килограми, што е речиси 40 килограми помалку од што тежат слонови на нејзина возраст. Рокси потоа ја вдомила Мојо и започнала да се грижи за неа, а слоницата била преплашена и болна. Негувателката деновите ги минувала со слоницата, спиејќи до нејзиниот кревет и давајќи се од себе за таа да се опорави.

Две години подоцна, Рокси и Мојо се неразделни. Малата слоница ја следи секаде, а во последните две години со помош на својата негувателка успеала да го совлада и стравот од вода.

Мојо набрзо го напушта својот дом и оди да живее во дивината со другите слонови. Рокси за медиумите изјави дека ќе и биде тешко да се поздрави со својата пријателка, но и дека е среќна поради фактот што успеала да ја спаси од сигурна смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот