Голем удар за Реал Мадрид: Тешка повреда на Куртоа кој го чека долга пауза

фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Еден од најдобрите светски голмани Тибо Куртоа заработи тешка повреда и ќе мора да оди на операција и неколкумесечно опоравување. Тежок удар за Реал Мадрид кој остана без првиот голман за следната сезона.

Непосредно пред почетокот на сезоната, Реал Мадрид долго време беше без својот прв голман. Тибо Куртоа заработи тешка повреда која бара долго опоравување.

Белгискиот голман заработи повреда на предните вкрстени лигаменти на тренинг, Реал ја потврди тешката повреда и операцијата на својот голман во најкраток можен рок.

Тимот од Мадрид останува со Андриј Лунин на голманската позиција и ќе мора итно да најде ново голманско решение.

Голманите кои беа интересни на пазарот веќе најмногу ги променија своите средини, којзнае, можеби е прилика за Столе Димитриевски, македонскиот репрезентативен голман за кого се шпекулираше неколку пати дека би можел да се пресели на „Сантјаго Бернабеу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот