Голем неделен хороскоп (14-20 март): Овните ќе се истакнуваат со својата храброст, Вагите треба да бидат разумни…

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Ќе се истакнувате со посветеност и храброст и ќе гравитирате кон улоги кои можат да ви донесат поголема почит и моќ. Оние кои работат со клиенти ќе имаат извонреден успех оваа недела бидејќи ќе знаат како да им угодат. На љубовно поле, со малку добра волја лесно ќе ги усогласите вашите и желбите на партнерот. Оние кои не се во врска, оваа недела имаат големи шанси да запознаат личности кои ќе се одликуваат со посебен стил на додворување. Љубовта тропа на вашата врата. Обидете се да посветите повеќе време на физички активности.

Бик

Обемот на работа со кој треба да се справите почнува благо да опаѓа, или вашата енергија нагло ќе се зголеми. Во секој случај, исходот ќе биде ист, а тоа е поголема продуктивноста со помалку стрес. Поработете на романтиката и страстите кои малку ви бледеат во врската овој период. Немојте да се жалите на вашиот партнер дека премалку се грижи за вас и вашето семејство. Тој е преоптоварен со работа, затоа поддржете го.

Близнаци

Одржувајте концентрација во клучните моменти и посветете поголемо внимание на она што го кажувате и потпишувате. Зголемениот број на обврски ќе има негативно влијание врз ефикасноста на вашата работа. Заморот и исцрпеноста ќе ви го ослабат вниманието. Љубовните настани пак, оваа недела добиваат посериозни размери. Заљубените ќе сакаат да ја официјализираат врската, а слободните ќе придобијат симпатии. Ќе ве заинтригира комплимент од една личност во кој ќе прочитате некое подлабоко значење. Доброто влијание на Марс ќе биде одговорно за вашето добро здравје.

Рак

Оваа недела планетите ви дозволуваат да успеете на испити, застапувања, посредувања и работи поврзани со уметност. Задачите од вас ќе бараат поголема мобилност, образование и инофрмираност. Личноста која ве држела на дистанца ќе ве сака само за себе. Некои Ракови, од друга страна, можеби ќе се најдат во врска во која ќе има љубов и кавги, но силната физичка привлечност повторно ќе ве спои. Ослободете се од лошите навики или барем контролирајте ги и намалете го пушењето. Избегнувајте утринско кафе на празен стомак и не прескокнувајте појадок.

Лав

Падот на концентрацијата негативно ќе ви се одрази на перформансите. Држете се настрана од вербални судири. Колку помалку се спротивставувате на отежнувачките околности, толку побрзо ќе видите кои чекори треба да се преземат. Во љубовта ќе се соочите со проблеми кои ви се наталожиле, а не сте ги решиле. Во обид да ги расчистите работите, ситуацијата би можела да се искомплицира уште повеќе. Размислете добро пред да преземете каков било чекор. Ќе имате доволно физичка енергија, но планетарниот распоред укажува на висока изложеност на деловен стрес. Напнатите односи можат да бидат причина за вашата нервоза, но и за зголемени тешкотии.

Девица

Ќе бидете преокупирани со деловни барања. Би можел некој да ви понуди работа која ќе бара дополнителни прилагодувања и стекнување нови вештини. Односите со претпоставените ќе добијат ново значење. Ќе се чувствувате осамено или ќе притискате премногу за да ги остварите вашите желби. Повеќе движења и поразновиден живот позитивно ќе влијаат на вашето расположение и ќе ве доведат во ситуација да запознаете атрактивна личност. Оваа недела е совршен период за ослободување од лошите навики. Бидете поодговорни за своето здравје.

Вага

Со разумен пристап и интелектуална острина, ќе надокнадете за вашите пропусти во блиско минато и ќе ги исправите грешките. Полето на комуникации ви е поволно, како и заработката и социјалната репутација, но дејствувајте со такт. Врските во кои има љубов ќе станат уште посилни и постабилни. Ќе се почувствувате како саканата личност да ве маѓепсува. Почнува да ви се јавува желба за остварување како родител. Венера и Марс во Водолија се гаранција за вашето добро здравје. За тоа и самите ќе придонесете, спортувајте поинтензивно, само така ќе бидете поенергични и порасположени.

Скорпија

Односите со соработниците ќе бидат успешни, а многумина од вас би можеле да го прошират бизнисот. Новите обврски може да вклучуваат деловни врски со роднини. Ќе имате корист од вашето познавање на странски јазик. Љубовниот живот ќе биде проникнат со неизвесност. Ќе се занимавате со шпекулации за нечии преференции кон вас. Трпеливо чекате нечија реакција. Расчистете се со минатото и дајте си шанса да продолжите понатаму без страв.ж

Стрелец

Пред вас е потензичен период. Количината на работа со која ќе треба да се занимавате ќе биде голема. Ќе ви недостасува трпение во справувањето со поединци кои побавно ги разбираат или кои имаат различни приоритети од вашите. Некој ќе работи напорно околу вас и отворено ќе ви каже колку му значите. Не дозволувајте да ја пропуштите можноста за нова љубов поради копнеж за друга личност. Оваа недела ќе имате повеќе волја и енергија активно да учествувате во животот. Ништо нема да ви биде тешко, а деловните и семејните ситуации нема да можат да ве заморат.

Јарец

Поголемата самодоверба во комбинација со посреќни околности ќе има позитивни последици за вас. Може да ги добиете потребните дозволи, да ги потпишете саканите договори и слично. На љубновно поле ќе размислувате за заеднички живот и родителство или за купување имот. Вам и вашиот партнер ќе ве поврзуваат заеднички цели и работни места. Деновите се погодни за извршување на посложени лекарски прегледи. Ако планирате некаква операција, бидете сигурни дека сè ќе помине добро.

Водолија

Ќе можете да го следите брзиот ритам само со добра организација на времето и активностите. Завршете ја работата, посветете им доволно време и трпение, па резултатите ќе бидат повеќе од добри. Во љубовта ако успеете да дефинирате што сакате и знаете како да го постигнете тоа, ќе забележите дека некои неволји и отежнувачки околности ќе исчезнат од вашето секојдневие. Направете нешто добро за себе, некоја ситница што ќе ве направи среќни. Спортувањето или обновувањето на гардеробата ќе ви ја зголеми самодовербата.

Риби

Меркур влегува во вашиот знак и ја поправа вашата досега комплицирана деловна ситуација. Сè ќе се подобри речиси преку ноќ, па вашите досегашни напори конечно се исплатат. Ќе бидете загрижени во врска со партнерот кој во последно време како да се повлекува во себе. Не се преправајте дека не забележувате, откријте што го мачи. Ако се потребни охрабрувачки зборови, направете го тоа. Приговарањето непотребно ќе ја залади врската. Оваа недела треба да се опкружите со оптимисти кои можат да ја подигнат вашата самодоверба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот