Голден Арт КЛ7 стартува со подготвителни натпревари во Охрид

фото: РК Голден Арт КЛ7

Екипата на Голден Арт КЛ7 ги продолжува подготовките за предизвиците кои ги очекуваат во дебитантската сезона во Суперлигата и вториот дел ќе го поминат во Охрид брусејќи ја формата преку контролни натпревари. Првиот дел од подготовките беше одработен во Скопје каде се работеше и на отворено и во сала, а од денеска младите ракометари и тренерот Андон Бошковски се во Охрид.

фото: РК Голден Арт КЛ7

До крајот на втората фаза и подготовките во Охрид, Голден Арт КЛ7 ќе има згуснат распоред на тренинзи но и одлична можност за проверка на формата, одигрувајќи неколку подготвителни натпревари против вториот тим на Еурофарм Пелистер, (петок), а потоа следат две контролни средби со екипата на РК Аеродром (сабота) и РК Прилеп во недела (недела).

Последната фаза од подготовките Голден Арт КЛ7 ќе ја реализираат во Скопје каде ќе одиграат уште неколку подготвителни натпревари со екипи од суперлигата, очекувајќи го стратот на на деби сезоната.

Во новата сезона која ќе стартува на 12/13 септември Голден Арт КЛ7 ќе се натпреварува во групата А заедно со Тинекс Пролет, Охрид, Радовиш, Струга, Астраион и Јуниор Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот