Ѓоковиќ имаше добри намери, а Кирјос не го почитувам како човек

Поранешната британска тенисерка кога сега работи како коментатор на телевизијата Евроспорт, Анабел Крофт, застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ.

Британката исто така зборуваше и за Ник Кирјос, кој постојано ги напаѓаше своите колеги за време на пандемијата на коронавирусот поради неодговорното однесување.

– Тој зазеде позиција на моралист и многу често можеме да го слушнеме, а јас би рекла дека тој е безобразен и злобен кон одредени негови колеги. Тој редовно ги напаѓаше Ѓоковиќ и Тим, а неодамна видов дека Борна Чориќ го нарече малоумен и најдосаден играч за гледање – изјави Крофт за „talkSPORT“ која оди чекор понатаму и го нарече австралискиот тенисер – негативец.

– Тој привлекува многу внимание. Тој сам себе на некој начин се претвори во лошо момче, во негативец, а сега се обидува да биде поморален од сите. Можам да кажам дека по се што направи, јас сигурно нема да бидам таа која ќе го почитува тоа што сега го прави. На крајот на краиштата не го почитувам како човек поради неговото однесување на тениските терени, така што сега ми е тешко да го слушам како зборува за се и сешто – вели Крофт.

Поранешната тенисерка смета дека Новак Ѓоковиќ со организацијата на „Адриа тур“ имаше добри намери иако неколку тенисери меѓу кои и тој самиот се заразија со коронавирусот.
– Верувам дека Ѓоковиќ се обидуваше да ја направи вистинската работа. Сакаше да го врати тенисот пред навивачите и тогаш во Србија немаше многу случаи на заразени, но мислам дека на социјалните мрежи можеше да се види како тие танцуваат во ноќните клубови, ги соблекуваат маиците и се прегрнуваат како што го правеа и на теренот. Поради тоа работите станаа лоши, некои играчи, а меѓу нив и Новак беа позитивни. Но, верувам дека имаше добри намери. Српската влада му даде дозвола да го организира турнирот, но тоа на крајот лошо влијаеше на неговиот имиџ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот