Ѓоковиќ: Или сите тројца одиме заедно во пензија или никој

принтскрин

Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, најдобрите тенисери на денешницата беа гости во утринската емисија „Breakfast“ зборуваа за ривалството помеѓу нив, семејствата и кога планираат да се пензионираат.

Новинарката Сали Нуџент прокоментира дека атмосферата на бродот, се снимаше емисијата, изгледа пријаетлска и првото прашање и беше дали тие се пријатели. По кратките насмевки, Федерер прв зема збор и кажа „благодарам за ова прашање“ по што следеше одговорот од Ѓоковиќ.


– Дали оваа релаксирано возење на брод не кажува се? Се знаеме толку долго, сиве овие години се натпреваруваме и верувам дека овие момци ги гледам почесто од родителите – рече низ насмевка Ѓоковиќ.

Разговорот потоа отиде во друга насока и дали тие тројца планираа толку долго да играат професионално тенис.
– Секогаш мислев дека кариерата ќе ја завршам околу 30. година, но сите зборуваа дека ќе имаат пократки кариери, а се покажа дека тоа не е така – рече Надал.

Потоа Ѓоковиќ го изнесе своето мислење.
– Мислам дека сите тријца заедно ќе престанеме да играме или никој од нас нема да замине во пензија.

Истото го направи и Федерер.
– Мислам дека сум јас ќе бидам првиот кој ќе замине во пензија, сепак сум најстар во ова друштво. Интересно е што никој од нас тројца не знае уште колку долго ќе останеме во професионалниот тенис. Секој од нас тројца ужива во натпреварувањето, а имавме привилегија да останеме здрави и подготвени за да играме на ова ниво. Мислев дека сум готов околу 32. година, а сега сите сме постари. Се надевам дека Новак и Рафа ќе играат уште долго, тоа е добро за тенисот.

Сите тројца тенисери повеќе од 15 години доминираат на тениските терени и заедно имаат освоено 54 грен слем титули. Најстар е Роже Федерер со 38 години и тој уште од 1998 година е професионалец, додека Надал првиот професионален меч го одигра во 2001 година, а Новак Ѓоковиќ во 2003 година.

На крајот од емисијата, тенисерите одиграа и игра „мирни прсти“ во која најдобра беше водителката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот