Го завршија воениот рок и подготвени се да го освојат светот: Поп сензацијата БТС најави големо враќање и глобална турнеја!
Најпознатиот бенд од к-поп сцената, БТС, се враќа на сцената по тригодишна пауза. Јужнокорејската група го најави својот нов албум и турнеја за следната година во вторник преку пренос во живо на Weverse.
Препорачано
„Планираме светска турнеја за албумот. Ќе ги посетиме фановите низ целиот свет и се надеваме дека сте возбудени како и ние“, рекоа членовите на бендот, кои го завршија задолжителниот воен рок. Тие исто така открија дека ќе работат на нова музика во САД и дека ќе почнат со снимање овој месец.
„Почнувајќи од јули, седуммината ќе работиме заедно на нова музика. Бидејќи станува збор за групен албум, тој ќе ги одразува мислите и идеите на секој член. Пристапуваме кон албумот со истиот начин на размислување како кога првпат почнавме“, рекоа членовите.
БТС ја започнаа својата последна турнеја во 2022 година, а го издадоа својот последен албум пред да започнат со служење на воениот рок во 2020 година.
Нивното враќање од војска со нетрпение го очекуваа нивните обожаватели, познати како „Армија“, а за тоа сведочи фактот дека нивниот прв заеднички пренос во живо го гледале повеќе од 6 милиони луѓе. Патем, сите седум членови морале да отслужат минимум 18 месеци воена служба, што ги натерало да ги паузираат своите кариери за некое време. Прв што отслужил војска бил Ким Сок-јеон (Џин), најстариот член на БТС, а последен што отслужил војска бил Мин Џун-ги (Шуга), кој ја отслужил воената служба како државен службеник поради повреда. Џунг Хо-сеок (Џеј Хоуп), кој беше отпуштен во октомври 2024 година, веќе ја имаше својата прва соло турнеја по неговото враќање, а Џин, исто така, одржуваше редовни концерти.
Останатите членови – Ким Нам-џун (РМ), Ким Те-хјунг (В), Парк Џи-мин (Џимин), Џеон Џунг-кук (Џангкук) и Шуга – ја завршија воената служба минатиот месец.


