ГО ДРЖЕШЕ „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ – Почина Слободан Миќиќ

принтскрин/јутуб

Негоите патописи беа навистина нереални…

Најпознатиот српски патник Слободан Миќиќ почина на 76 години по долго боледување.
Миќиќ беше најпознат по бескрајно интересните патописи „Светот на дланка“ кои ги изработуваше со сопругата Марија Шкиљаиќ Миќиќ.

Економиста по образование, а светски патник по определување, балканските туристи и сите оние кои ги гледаа неговите емисии ги однесе до најдалечните места на планетата – од Уганда до Галапагос, од Фиџи до Исланд, каде беше и почесен конзул.

Слободан Миќиќ умееше да патува и да ужива во патувањата. Умееше да ги забавува дури и туристите кои еден месец со автобус патувале до Каиро.

Сите му завидуваа на патувањата, а тој како верен патник никогаш од патувањата не донел сувенири, туку пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот