Глобалниот долг надминува 250 илјади милијарди долари

Комбинираниот долг на националните влади, бизниси и домаќинства на глобално ниво се зголеми за 7,5 илјади милијарди долари во текот на првата половина од 2019 година, надминувајќи 250 илјади милијарди долари за прв пат во историјата, соопшти Меѓународниот институт за финансии (ИИФ).

Според CNBC, зголемувањето на глобалниот долг најмногу го воделе должниците во САД и Кина, чии власти, деловните активности и поединците учествуваат со 60 проценти од годишниот пораст. „ИИФ“ исто така наведува дека глобалниот долг ќе достигне 255 илјади милијарди долари до крајот на годината.

Економиите во развој достигнаа рекорден долг од 71,4 илјади милијарди, или 220 проценти од бруто домашниот производ.

Растот на долговите првенствено беше поттикнат од ниските каматни стапки што ги наметнаа националните централни банки и растечкиот пазар на државни обврзници.

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека 40 проценти од кредитите што ги земаат корпорациите во развиените економии се потенцијално ненаплатливи во случај на глобална рецесија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот