Глишиќ ќе ги брани боите на Шкупи! (ФОТО)

фото: fcshkupi.com

Поранешниот член на Вардар потпиша договор на една и пол година со екипата на Шкупи која е предводена од тренерот Ќатип Османи.

Денеска македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи ја официјализираше соработката со одбранбениот играч Дарко Глишиќ.

Поранешниот член на Вардар потпиша договор на една и пол година со екипата на Шкупи која е предводена од тренерот Ќатип Османи.

Во нашата земја дефанзивецот ги бранеше уште боите на Скопје, Напредок и Тетекс.

Има настапи и надвор од македонија за тимовите на Олимпик Сараево (БиХ), Динамо Тбилиси (Грузија), бугарските Септември од Софија и Арда Карџали.

Клубот информира дека 28-годишниот лев бек веднаш отпатува во Анталија да им се придружи на своите нови соиграчи на зимските подготовки.

Да додадеме уште дека чаирчани денеска одиграа пријателски натпревари против босанскиот Челик со кој ремизираше 2:2.

Иако водеше Шкупи со головите на Илиески и Исени, противникот успеа со погодоци во 75. и 86. минута да дојде до израмнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот