Главчев: Главен приоритет ќе биде посета на сите градови во кои ќе се игра кошарка
На денешната вонредна седница, Томица Главчев беше избран за нов прв човек на македонската кошарка каде што го наследува Перо Антиќ.
Препорачано
Главчев беше избран како единствен кандидат, со максимална поддршка од клубовите, а по изборот имаше и свое обраќање кон присутните.
„Оваа иницијатива која е отпочната одамна, не бев вклучен од стартот. Луѓето кои ја истуркаа ќе бидат дел од мојот тим. Посебно сакам да го поздравам Младен Ѓуроски кој ги презеде сите работи за доведување на ова Собрание и до оваа точка. Во изминатите денови имавме повеќе состаноци со членови од присутните делегати, со поголем дел од нив. Имавме отворени разговори, практични за моите идеи и размислувања. Мојот општ впечаток е дека наидовме на разбирање и размислување во кој правец ќе треба да ги тераме. Се договоривме дека ако оваа работа успее, да се концентрираме прво шампионатот да заврши, а потоа да делуваме. Тоа на што јас размислувам во наредните четири години, а што на некој начин ќе значи моја сериозна обврска.
Главен приоритет ќе биде посета на сите градови во кои ќе се игра кошарка, па дури и оние места кои сака да се игра кошарка. Не би сакал да се изненадите ако инсистирам на тие состаноци да бидат луѓето од локалната самоуправа, затоа што во сите клубови се и шефовите на градовите. Мора да ги чуеме и нив, дали ќе одиме заедно во некоја насока, или ќе имаме различни правци, што не би било убаво“, изјави Главчев.
Кошарката во Македонија денеска добива нов предводник, Главчев ќе го наследи Антиќ


