Глава од коњ – Што значел подарокот кој го добил Реј Лиота од ќерките на Френк Синатра?
Реј Лиота сподели необична приказна за чуден инцидент што се случил додека го снимал „The Rat Pack“. Актерот во периодот на снимањето го пречекал необичен и неочекуван пакет – но дали тоа било закана?
Лиота го глумеше Френк Синатра во филмот на „HBO“, но не му беше прв пат да му биде понудена улога на иконичниот пејач. Според неговата приказна, ќерките на Синатра, Тина и Ненси Синатра, биле оние кои му ја понудиле улогата во телевизиската мини-серија што ја снимале.
View this post on Instagram
„Ќерките, тие сакаа да глумам кога правеа мини-серија за него и едноставно се чувствував премногу непријатно“, се сеќава Лиота.
View this post on Instagram
Кога подоцна се согласил да го игра Синатра во „The Rat Pack“, еден ден добил чуден пакет.
„Го снимавме филмот и ми беше дадена глава на коњ. Очигледно не беше вистинска, но сепак беше глава на коњ! И, знаете, глава на коњ значи дека сте во невоља“, раскажа Лиота.
View this post on Instagram
Испраќањето некому отсечена глава од коњ е наводно закана, а стана познато како потег кој беше претставен во легендарниот филм „Кум“. Во овој случај главата беше лажна, но и намерата која стоипозади гестот очигледно била смао забава.
„Се испостави дека го испратија неговите ќерки, и рекоа: „Ох, можеше да ја направиш оваа, но не можеше да ја направиш онаа што сакавме да ја направиш?“, докажа Лиота со насмевка.
View this post on Instagram