Гласаат фановите: Колку далеку ќе стигнат Екс-ЈУ репрезентациите на ЕП 2020?

Фото: macedoniahandball.com.mk

Според досегашните гласови, Македонија ја рангираат од деветтото до 12 место на конечниот пласман на континенталниот ракометен собир.

Уште три дена останаа до почетокот на Европското првенство 2020 година во кое ќе учествуваат 24 репрезентации и ќе се организира во три држави – Австрија, Норвешка и Шведска.

Најдобрата македонска селекција предводена од селекторот Данило Брестовац досега ја темпираа формата и преку пријателските натпревари, на последниот тест славеше против Црна Гора.

„Црвено-жолтите“ се наоѓаат во групата „Б“ на континенталниот собир, мечевите ќе ги играат во Виена (Австрија), а првиот дуел ќе го имаат на 10. јануари против Украина.

Распоред на натпревари, Европско првенство 2020, прелиминарна фаза –

10.01.2019 Македонија – Украина 20.30 часот
12.01.2019 Чешка – Македонија 16.00 часот
14.01.2019 Австрија – Македонија 18.15 часот

Специјализираниот веб портал за ракомет „Балкан-Хандбал“ објави анкета во кое се поставува прашањето, колку далеку ќе стигнат сите шест екс-ју репрезентации на ЕП 2020: Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска?

СВОИТЕ ГЛАСОВИ МОЖЕТЕ ДА ГИ СПОДЕЛИТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК 

Според досегашните гласови на ракометните фанови, Македонија на конечниот пласман на ЕП ја рангираат од 9-12 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот