Ракометарите триумфираа на последната контрола пред ЕП

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Избраниците на селекторот Данило Брестовац со 25:24 ја совладаа Црна Гора

Македонската ракометна репрезентација на последната контрола пред настапот на Европското првенство ја совладаа Црна Гора со 25:24,а според прикажаното, селекторот Брестовац може да биде задоволен од прикажаната игра на неговите избраници.

Ракометарите и на втората контрола во Словенија, настапија без капитенот Кире Лазаров. Првото полувреме помина во израмнета игра во која на пауза се замина со минимална предност на Црна Гора од 12:13.

Израмнета игра беше главната одлика на второто полувреме но овој пат со среќен крај на Македонија за конечни 25:24.

Дејан Манасков и Филип Талески постигнаа по пет гола, додека на голот блескаше Никола Митревски со 14 одбрани.

Ракометарите во Словенија ќе ги поминат и наредните неколку дена, и на 8 јануари заминуваат за Виена каде на 10 јануари ги очекува натпреварот од првото коло против Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот