Фото: mkd.basketball

Ѓуроски: Без оглед на тоа дали губиме или водиме 20 поени, оваа репрезентација игра до крај

Еден од најискусните во составот на најдобрата македонска кошаркарска репрезентација, Стојан Ѓуроски го даде својот максимум на дуелот во Баку.

Нашата селекција триумфираше во четвртото коло од претквалификациите за Евробаскет 2029 против Азербејџан со резултат 78:70.

Ѓуроски на овој меч запиша 10 поени, и имаше придонес во крајниот успех, во четвртата победа по ред во групата „А“.

– Искрено, тешка победа, помалку и очекувано ако се знае дека против Ирска одиграа доста поквалитетно. Го почнавме натпреварот доста споро. И морам да признам доста меко. Им дадовме мотиви, да знаат дека може да победат.

После тоа „се стегнавме“ и го дадовме својот максимум. Ја сменивме нашата игра и стигнавме до победата. Се гледа дека сме поквалитетната екипа. Меѓутоа и на овој и на сите други натпревари мораме да влеземе максимално за да стигнеме до победата, затоа што никој нема да ни ја даде. И без оглед на тоа дали губиме или водиме 20 поени, оваа репрезентација игра до крај – рече искусното крило по успешниот настап во Баку.

По четири одиграни кола Македонија е првопласирана со осум бодови, пред Луксембург со шест, а по пет имаат Ирска и Азербејџан.

Во следното петто коло нашите најдобри кошаркари на домашен терен на 2 јули 2026 година ќе играат против Ирска.

ФОТО: Македонија се врати од минус 18 во Баку и во финишот го скрши отпорот на Азербејџан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот