Фото: FIBA

ФОТО: Македонија се врати од минус 18 во Баку и во финишот го скрши отпорот на Азербејџан

Maкедонската кошаркарска репрезентација потешко од очекуваното успеа да слави на гости кај Азербејџан со 79-70.

Азербејџанците во Скопје ги прегазивме убедливо со 87-49, меѓутоа денеска ситуацијата на теренот беше поинаква. На почетокот од дуелот како тие да влегоа повеќе мотивирани и со поголема желба да ја израдуваат домашната публика. Првата четвртина ја добија со 28-19, а продолжија со подобрата игра и во втората.

Така стигнаа и до највисоки 18 поени предност (43-25). Избраниците на Баркола, сепак се разбудија во самиот финиш и набрзина намалија на 44-37, резултат со кој се замина на паузата.

По враќањето на паркетот од одморот ја одржуваше предноста за конечно да стигнеме до израмнување 56-56. Од тој момент стануваше јасно дека нема да дозволиме изненадување и полека го приведовме натпреварот кон крајот.

Во последната четвртина комплетно го скршивме отпорот на домашната селекција која немаше сили да се врати и да ја повтори играта од почетните минути. Андреј Јакимовски со 22 поени беше најдобар поединец во таборот на нашиот тим, додека Стојан Ѓуровски уфрли 10 поени. Кај поразените недоволни беа 23 поени на Весли ван Бек.

За Македонија ова беше четврта победа од исто толку натпревари во прет-квалификациите со што дојдовме на чекор до пласман во главните квалификации.

Фото: FIBA
Фото: FIBA
Фото: FIBA
Фото: FIBA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот