Ѓурѓај и Тосевски разговараа за проблемите на Македонците во Албанија

Претседателот на македонско друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај вчера во МНР бил примен од државниот секретар во Филип Тосевски, со кого разговарале за состојбите и предизвиците на Македонците во Албанија.

МНР, како што објави на Фејсбук Тосевски, останува отворено за соработка и поддршка за организациите на Македонците од соседните држави, а на средбата се разговарало за можностите за соработка и поддршка во блиска иднина.

Според Тосевски, грижата за „нашите сограѓани во дијаспората и секако во соседните земји е основа за негување на македонското културно и историско наследство, јазик и идентитет”.

„Ние сме Македонци и треба да се помагаме. Остануваме посветени на градење на добрососедски односи и соработка, заеднички да инвестираме во создавање услови за да обезбедиме европска перспектива и иднина за младите во Македонија и Албанија да не заминуваат”, напиша Тосевски.

Ѓурѓај во изјава за МИА вели дека го информирал државниот секретар за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија.

-Беа актуализирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Албанија. Мојот ценет соговорник го информирав и за друштво „Илинден”, кое со години е активен субјект меѓу македонската заедница во Албанија, изјавил Ѓурѓај, кој како главен и одговорен уредник на весникот „Илинден” донирал комплет од сите изданија на весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот