Ѓукановиќ: Западен Балкан повторно е сцена на спротивставени геополитички интереси

Мило Ѓукановиќ / Фото: Архива

Западен Балкан останува место на судир на геополитички интереси што може да го дестабилизира целиот регион, предупреди црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на 76 -та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Тој нагласи дека предизвиците и заканите за мултиетничката демократија на Балканот не се ништо помалку денес.

„Западен Балкан повторно е сцена на спротивставени геополитички интереси, што ја забави интеграцијата на западно балканските општества во нивната природна европска средина, поткопувајќи ја довербата и забавувајќи ја асимилацијата на европските вредности. Оваа конфузија не само што доведува до стагнација и понатамошно заостанување во развојот на овој европски регион, туку исто така ја отвора вратата за враќање на деструктивните теории дека поради заостанатоста овој регион не може да живее како мултиетничка и мултирелигиозна заедница, ниту да го гарантира функционирањето на земјите. Ваквата конструктивна теза е специјално наменета да се припише на Босна и Херцеговина, но и на другите помали земји во регионот, со цел да се создаде алиби за продолжување на националистичките проекти од големи размери, како оние што доведоа до војна во оваа област во 1990-те години со речиси 150.000 човечки жртви”, истакна Ѓукановиќ.

Тој нагласи дека решеноста на Црна Гора да се спротивстави на ваквите ретроградни и опасни идеи не е намалена.

„Затоа денес Црна Гора предупредува на обновена опасност од дестабилизација на Западен Балкан и стеснување на хоризонтот на европската перспектива”, рече Ѓукановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот