Ѓорѓиевски: Втора седница на ЗЕЛС, воведување на комунални полицајци останува приорет
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски кој воедно е и претседател на ЗЕЛС информираше дека во фокусот на денешната седница на Управниот одбор била презентацијата на новиот надграден софтвер за човечки ресурси и воведувањето комунална полиција преку новите законски измени.
Препорачано
„Денес ја одржавме втората седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која разгледавме и усвоивме неколку значајни точки од суштинско значење за понатамошното јакнење на локалната самоуправа. И на оваа седница, повторно јасно нагласив дека Управниот одбор на ЗЕЛС е тело во кое политиката нема да има место. Воведувањето на комуналната полиција, преку новите законски измени, останува наш јасен приоритет за конечно воспоставување ред, дисциплина и поголема ефикасност на локално ниво“, соопшти Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека на седницата присуствувал и министерот за јавна администрација Горан Минчев, кој го презентирал надградениот софтвер за управување со човечките ресурси со кој, според него, ќе се модернизира собирањето и управувањето со податоците на сите вработени.
„Особена чест ни беше присуството на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој го презентираше надградениот софтвер за управување со човечки ресурси, сега поставен како единствен информативен центар за целата администрација. Со ова решение, ќе се воспостави современ и функционален модел за собирање и управување со податоци за сите вработени, што претставува сериозен исчекор кон поефикасна, потранспарентна и поодговорна јавна администрација“, додаде Ѓорѓиевски.


