Новогодишна атмосфера во Скопје декември 2023 година/Фото: Слободен печат-Драган Митрески

Ѓорѓиевски со ребаланс на буџетот ќе обезбедува пари за Скопје „да добие новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола“

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вели дека Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола.

„Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот во петок ќе предвидиме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана новогдишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на Новата година. Со тоа конечно Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани“, изјави Ѓорѓиевски во вечерашното гостување на МРТВ.

За повикот на јавниот обвинител Љупчо Коцевски да пријави доколку има индиции за злоупотреби во Град Скопје, Ѓорѓиевски додаде дека веќе имале средба со претставници на Финансиската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот