Ѓорѓи Спасов: Левица ќе биде казнета од народот за насилните про-руски протести

Левица ќе биде казнета од народот за насилните про-руски протести, Мицкоски ќе помогне да се смени Уставот за да се додвори на странците и на албанските партии, додека ЛДП, ДС и ДОМ се позиционираат за евентуална промена на власта. Вака накратко професорот Ѓорѓи Спасов резимира на актуелните случувања во кратко интервју за порталот Мактел.

– Јас мислам дека Левица и Апасиев со секој свој потег се разолбичува како една деструктивна руска радикална структура и многу нејзини гласачи ќе кренат раце од Левица тие ќе бидат политички лузери после овие насилни простести, јавноста не сака насилство.Левица ќе биде казнете како што ВМРО беше казнета после 27-ми април.Левица е дискредитирана засекогаш, народот во Македонија не сака радикални структури кои носат само хаос и неизвесност – вели Спасов.

Според него, во Собранието се очекува да има турболентен период.

– За уставните промени ќе има двотретинско мнозинство, оставете го сега Мицкоски што зорува во моментот, тој сега само го расте гневот затоа што сака да глуми голем лидер, но кога ќе помине предлогот во Собрание ќе почне Мицкоски да мисли со кого ќе прави идна Влада и ќе почне разговори со прествници на ЕУ и САД. Тие повеќе од јасно е дека ќе го притиснат за да си го одржи зборот кој го има ветено дека нема ништо против Бугарите да влезат во Уставот а тој мора нив да ги придобие за некогаш да има можност да направи Влада. Сепак тој е свесен дека без албанските партии и без амин од Западот Мицскоски нема никогаш да има ниту шанса да биде премиер – вели Спасов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот