Ѓоковиќ одеше на злато, на крајот остана без медал

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Новак Ѓоковиќ доживеа фијаско на олимпискиот тениски турнир откако остана без медал. Иако важеше за најголем фаворит за златниот медал, вчерашниот пораз од Александар Зверев во полуфиналето го деморализира Ѓоковиќ и денеска го загуби и мечот за бронзениот медал. Подобар од Ѓоковиќ беше Пабло Карењо-Буста од Шпанија кој славеше со 6:4,6:7,6:3.

EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Првиот сет помина во знакот на нереализирани брејк шанси на Ѓоковиќ, а тоа го казни Шпанецот кој направи брејк во петтиот гем и предноста ја задржа до крајот на сетот.
Во вториот сет и двајцата тенисери го чуваа својот сервис по што тај брејкот одлучуваше кој ќе слави во овој сет. Подобар беше Ѓоковиќ со 8:6 и успеа да го однесе мечот во одлучувачкиот трет сет.

Во него, одличен старт имаше Карењо Буста кој веднаш направи брејк и поведе со 3:0. Притисокот врз Ѓоковиќ се зголемуваше и тоа се одрази на неговата игра, често грешеше, а бесот го искали на рекетот. Во последниот деветти гем, успеа да спаси пет меч топки, но не можеше шестата по која Пабло Карењо-Буста славеше и го освои бронзениот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот