Фото: US Open Tennis Championships/FB

Ѓоковиќ ќе игра на завршниот турнир во Торино

Поранешниот светски број 1, Новак Ѓоковиќ, ќе учествува на завршниот Мастерс од АТП турот, кој започнува во недела во Торино. Иако Србинот одамна обезбеди пласман, неговото учество беше неизвесно, бидејќи лани не беше дел од најдобрите осум, иако исто така имаше право на настап. Директорот на турнирот, Ангели Бинаги, потврди дека Ѓоковиќ ќе игра.

Ѓоковиќ е најуспешен тенисер на завршниот Мастерс со седум титули, една повеќе од Роџер Федерер, кој последен пат победи во 2011 година. Последната титула на Новак е од 2023 година, што беше неговиот последен голем АТП трофеј, а по него триумфираше само на турнирот во Женева, кој му беше 100. пехар во кариерата.

Завршниот Мастерс во Торино се одржува од 9 до 16 ноември. Покрај Ѓоковиќ, сигурни учесници се Синер, Алкараз, Зверев, Шелтон, Фриц и Де Минор. За последното место конкурираат Оже Алијасим и Музети, кои наскоро ќе одлучат кој ќе патува во Италија.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот