Ѓоковиќ ќе брка два медали на Олимписките игри во Токио

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Освен во сингл конкуренцијата, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ има успешни настапи и во микс дубл на Олимписките игри во Токио.

Претходно објавивме дека Србинот се пласираше во полуфиналето на машкиот тениски олимписки турнир по победата над Кеи Нишикори.

За пласман во големото финале Ноле ќе ги одмери силите против Германецот Александар Зверев кој со 6:4 и 6:1 беше подобар од Французинот Жереми Шарди.

Исто така и во микс двојки заедно со неговата сонародничка Нина Стојановиќ во четвртфиналето триумфираа над германското дуо Лаура Зигемунд и Кевин Кравиц со 6:1 и 6:2.

За учество во финалето Ѓоковиќ и Стојановиќ ќе играат против Веснина и Карацев, а во втората полуфинална средба ќе играат Пављученкова/Рубљев против Барти/Пирс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот