Ѓоковиќ испиша нова историја: Од денес е апсолутен рекордер!

Фото: EPA-EFE/James Ross

Новак Ѓоковиќ од денес е нов апсолутен рекордер откако го сруши рекордот на легендарната Штефи Граф по бројот на недели поминати на врвот АТП или ВТА листата.

Српскиот тенисер денес ја започнува 378. недела како прв тенисер на АТП листата и постави рекорд кој сигурно ќе остане уште долго.

Колкав е успехот на Ѓоковиќ доволно зборува што Рожер Федерер е далеку зад него со 310 недели, потоа следи Пит Сампрас со 286, Иван Лендл 270), Џими Конорс (268) и  Рафаел Надал кој со 209 недели е најблиску од активните тенисери.

Во двете конкуренции Ѓоковиќ покрај спомената Граф е пред Мартина Навратилова (322) и Серена Вилијамс (317).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот