Ѓоковиќ го совлада и Шаповалов, за финале против Медведев во Аделаида

фото: EPA-EFE/MATT TURNER

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Аделаида, Австралија, откако за скоро два часа игра го елиминираше Канаѓанецот Денис Шаповалов со 2:0 (6:3, 6:4).

Тоа е осма победа на Ѓоковиќ во исто толку мечеви со Шаповалов.

Во борбата за влез во финалето ривал на српскиот тенисер ќе му биде Русинот Данил Медведев, кој го совлада својот сонародник Карен Хачанов двапати со 6:3.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Себастиан Корда (САД) и Јошихито Нишиока (Јапонија).

Американецот Корда со 7:5 и 6:1 триумфираше над Италијанецот Јаник Синер, додека Јапонецот Нишиока со 7:6 (4), 6:7 (8) и 6:2 славеше против Алексеј Попирин од Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот