Ѓоковиќ донел неочекувана одлука по разделбата со Иванишевиќ

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Разделбата на Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е тема број еден во тениската јавност денеска. По објавата на Ѓоковиќ се огласи и хрватскиот стратег, а медиумите во Србија сега пренесуваат дека најдобриот светски тенисер донел уште една изненадувачка одлука.

Имено, се шпекулираше дека една од опциите за наследник на Иванишевиќ е Ненад Зимоњиќ со кого Ѓоковиќ тренираше во изминатите два дена, но најверојатно тоа нема да се случи.

Српски „Телеграф“ пренесува дека Ѓоковиќ донел одлука сезоната да ја заврши без тренер. Најавите се дека одлуката на Ѓоковиќ може да се промени, само ако во меѓувреме се појави некој кој би можел да му помогне на Ѓоковиќ да напредува, во спротивно Новак ќе остане без помош од клупата.

Во блиското минато краток период без тренери играа само Роџер Федерер и Ник Кирјос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот