Крај на една успешна соработка: Ѓоковиќ се раздели со Иванишевиќ!

Фото: EPA-EFE/MATT TURNER

Новак Ѓоковиќ донесе изненадувачка одлука и ја заврши долгогодишната соработка со тренерот Горан Иванишевиќ.

Хрватскиот тренер во тимот на Ѓоковиќ се приклучи во првата недела од 2019 година и со српскиот тенисер постигна бројни успеси, меѓутоа имаше и тешки моменти во периодот на коронавирусот, како и дисквалификацијата од УС Опен.

Ѓоковиќ и Иванишевиќ во заедничката соработка освоија осум грен-слем титули, а Хрватот претходно работеше со Марин Чилиќ, Томаш Бердих и Милош Раониќ. Разделбата ја потврди Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Посебно под водство на Иванишевиќ беше подобрен сервисот на Ѓоковиќ Засега не е познато кој ќе биде новиот тренер на најдобриот светски тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот