Ѓоко Хаџиевски ќе остане спортски директор на ФК Вардар

фото: ФК Вардар

Иако пред пет дена беше објавено дека повеќе нема да биде спортски директор на фудбалскиот клуб Вардар, Ѓоко Хаџиевски ќе остане на почесната функција.

Како што соопштуваат скопските „црвено-црни“, соработката со Хаџиевски продолжува и понатаму.

Во името на клубот и во името на големата фудбалска легенда Ѓоко Хаџиевски, би сакале на целокупната јавноста да и ја соопштиме веста дека и покрај новиот тренерски ангажман во Саудиска Арабија, сепак почесната функција – спортски директор на ФК Вардар, ќе продолжи да ја одработува и понатаму, чесно и одговорно како и досега.

Важно е да напоменеме дека Хаџиевски во клубот работеше без притоа да потпише било каков договор , ниту па да побара било каков финансиски надоместок за сработеното.

Дојде затоа што почувствува потреба да му помогне на Вардар, и тоа во период кога многумина други Вардарови легенди го вртат грбот и кои за жал, се амнестираат себеси по прашањето на ФК Вардар. Соработката помеѓу клубот и господинот Хаџиевски продолжува и понатаму. Борбата за Вардар продолжува и понатаму! – стои во објавата на ФК Вардар.

Инаку, нашиот поранешен селектор во изминатиот период беше назначен за нов тренер на Хајер, второлигаш од Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот