Хаџиевски само еден ден по прес-конференцијата на Вардар се врати во Саудиска Арабија
Ѓоко Хаџиевски кој вчера со останатото раководство на Вардар одржа прес-конференција на која повика на поддршка за црвено-црните од денес нема повеќе да ја извршува функцијата спортски директор во клубот.
Имено, тимот на Хајер од Саудиска Арабија потврди дека Хаџиевски ќе биде нивни нов тренер. Хаџиевски доаѓа на местото на Родион Гачанин кој доби отказ.
Во стручниот штаб на Гачанин беше и македонскиот голман Един Нурединовски кој барем засега нема да добиено отказ.
Хаџиевски во својата голема кариера претходно ги водеше екипите на Хата, Најран, Ал Дарфа, Вардар, Пелистер, Силекс…
✍🏻 || المقدوني “جوكيكا” يقود #هجر مجدداً وانضمام “الجنوبي” للجهاز الفني 🔗⏬️https://t.co/sVcxIYEVXI pic.twitter.com/d7ZxfzITrP
— نادي هجر السعودي (@HajerClub) September 30, 2023