Гитаристот на „Оазис“ објави: Имам рак, ќе паузирам со концертите и ќе одам на лекување

Фото: Профимедиа

Ѕвездата на „Оазис“, Пол Артурс објави дека му е дијагностициран рак на крајниците. Пол, познат по прекарот Бонхед, денес на своите фанови на Твитер им откри дека ќе паузира со настапите за да може да започне со лекување.

„Само да ве известам сите дека ќе паузирам одредено време со настапите. Дијагностициран ми е рак на крајниците. Добрата вест е што тоа се лекува и наскоро ќе започнам со лекувањето. Ќе ве информирам како ми оди сето тоа“, напиша тој.

„Ужаснат сум што ќе ги пропуштам свирките со Лиам и бендот“.

Третманот за лекување на ракот на крајници вклучува операција, терапија со зрачење и хемотерапија.

Следбениците веднаш ја изразија својата поддршка за Пол во коментарите.

„Оздрави брзо и чувај се. Се гледаме наскоро на сцената“, напиша еден.

„Многу ќе ни недостигаш легендо. Среќно закрепнување“, додаде друг.

Пол е најпознат како гитарист, повремен клавијатурист и ко-основач на рок бендот Оазис со браќата Ноел и Лиам Галагер и Пол МекГуиган и Тони Мекарол. Тој го напушти бендот во 1999 година за да може да поминува повеќе време со своите деца. Во тоа време, „Оазис“ го снимаше својот четврти студиски албум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот